Во Велика Британија, продажбата на плочи поголема од ЦД-иња

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оваа година по прв пат од 1980 година, се очекува во Велика Британија да бидат продадени повеќе плочи од ЦД-иња, кои се измислени за „да ги уништат плочите“.

Познатиот ланец на продавници „Сејнберис“, одлучил да ја сопре продажбата на компакт дискови (ЦД) и ДВД дискови.

Од компанијата образложија дека купувачите имаат нови навики, односно омилената музика се повеќе ја купуваат онлајн, но поголемите компании немаат намера да ги повлечат дисковите од своите рафтови.

Во текот на минатата година вредноста на продадените компакт дискови достигнала 115 милиони фунти, што според податоците на Британската фонографска индустрија, укажува на пад на вредностите. Додека вредноста на плочите достигнала 86 милиони и се очекува нејзино растење.