Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.К.(22) од селото Лешани, општина Дебарца. На 25.06.2020 година на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, тој е затекнат дека, со своето возило „Волксфаген“, регистрирано за превоз на девет патници, без почитување на здравствено-безбедносните протоколи, врши превоз на 21 патник.
Со тоа, пријавениот, ја прекршил уредбата од владата за организирање на јавен превоз на патници со 50% од капацитетот на превозното средство за време на епидемија.
