Во Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа гласале помалку од потребните една третина гласачи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државната изборна комисија соопшти дека во 18:30 часот, излезноста била 46.48%.

Во Скопје гласале 46,64%. Меѓу општините со најголема излезност се Дојран со 72,88%, Лозово 71,98%, Росоман 71,75%.

ДИК соопшти дека во три општини излезноста била помала од една третина од запишаните изборачи. Тоа се Центар Жупа каде излегле 21,30%, потоа Маврово-Ростуше 28,58% и Врапчиште 21,41%.

„Доколку на изборите во една општина не излезат доволен број гласачи, односно повеќе од една третина, се повторува целокупната изборна постапка во рок од 60 дена“, кажа претседателот на ДИК, Борис Кондарко.