Вкупно 1 013 357 избирачи ќе имаат право на глас на вторниот круг локални избори на 2. ноември. За избор на градочалник ќе се гласа во 32 општини и Градо Скопје, а на три избирачки места во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето за советници, поради нерегуларности во гласањето во првиот круг.
ДИК инормираше дека за вториот круг се пријавени и 4 826 болни и изнемоштени лица, а најмногу пријавено во Кичево – 823.
Болните, изнемоштените лица, затворениците и лицата во домашен притвор гласаат во сабота.
Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до недела до 19 часот, кога се затвораат гласачките места.


