Во затворите излезноста 64% – без проблеми поминал предизборниот ден, информираа од ДИК

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заврши првиот преизборен ден на кој право на глас имаа лицата во затворите, старите и изнемоштени лица, како и ковид позитивните.

Во Казнено-поправните установи од запишаните 1.899 гласачи, гласале 1.229 лица.

Од лицата кои беа пријавени како болни и немоќни и гласаа во своите домови, од пријавени 7.907 гласале 5477 гласале до овој момент, јавува репортерот на ТВ21 од Државната изборна комисија.

Од пријавените ковид позитивни лица, гласале 304 лица. Но, во одредени општини гласањето се уште трае бидејќи избирачките одбори ќе работат се додека сите пријавени не добијат можност да гласаат.

„Целиот ден, од утрово во 7 часот до сега помина без проблеми“, рече портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Следната прес конференција на ДИК е утре во 09.30 часот.