Вкупно 12 лица загинаа во земјотресот што ги погоди авганистанските провинции Кабул, Панџшир, Логар, Нангархар, Лагман и Нуристан во петокот вечерта, изјави денес Хамдулах Фитрат, заменик-портпарол на авганистанската влада.
Тој рече дека четири лица се повредени, дека пет куќи се целосно уништени, а уште 33 имаат сериозни штети, пренесува АП.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 5,8 степени што го погоди Авганистан во петокот вечерта бил во планинскиот венец Хиндукуш, околу 150 километри источно од северниот град Кундуз и околу 290 километри североисточно од Кабул, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.
