Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменик на командантот на ВС на САД за Европа и Африка, бригаден генерал Џед Шаертл и директорот на вежбата, полковник Блаже Николовски ќе имаат обраќања на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“.
