Во основниот Кривичен суд во тек е објавување на пресудата за случајот „Монструм“ кој се однесува на петкратното убиство кај „Смилковско езеро“.
Случајот беше вратен на повторно судење.
Обвинителката Фатиме Фетаи побара доживотен затвор за тројца обвинети: Aлил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ. Демири и Исмаиловиќ се обвинети за тероризам, а Фејзи и Хаки Азири за помагање во ова дело.
Во 2012 година свирепо беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.