Денеска од паркот во Чаир започна најавениот протест против монтираните случаи, кој ќе продолжи до зградата на Владата на Република Северна Македонија.
Од тие причини, СВР Скопје презема мерки за посебен режим на сообраќајот, па се до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај следните улици: делови од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, како и бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Гоце Делчев“, дел од ул.„Филип Втори’, дел од булеварите „Илинден“, „ВМРО“ и „Климент Охридски“.
