Водата во Струга загадена – да не се употребува за пиење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Водата во Струга е загадена и да не се употребува за пиење, апелира јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Според соопштението, причина за загаденоста се обилните врнежи од дожд што изминатите денови го зафатија Струшкиот регион.

После секој дожд од чешмите на стружани тече заматена вода. Проблемот се провлекува години наназад, за што надлежните се уште немаат решение. Но, заматената вода, не е единствен проблем. Во градот што се протега на две води, жителите често немаат вода за пиење во своите домови, а револтот пред неполн месец го изразија преку мирен протест пред просториите на ЈП „Водовод и канализација“.