Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје упати апел до граѓаните да не фрлаат отпад во канализациските шахти, бидејќи тоа предизвикува затнување на мрежата и го попречува нормалното функционирање на системот.
Од претпријатието информираат дека нивните екипи секојдневно интервенираат на терен за отстранување различен отпад од канализациската мрежа, меѓу кој влажни марамчиња, пелени, хигиенски производи и други несоодветни материјали.
Според нив, фрлањето вакви материјали во канализацијата предизвикува затнување на цевките и шахтите, го отежнува протокот на водата и може да доведе до дефекти во системот.
Поради тоа, граѓаните се повикуваат ваквиот отпад да го фрлаат во соодветните корпи за отпадоци, а не во канализацијата.
Од претпријатието нагласуваат дека одржувањето на канализациската мрежа е заедничка одговорност и дека правилното фрлање на отпадот помага во спречувањето на затнувања и дефекти.
