Воен авион со 32 лица се урна во јужна Нигерија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужна Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви, пренесе агенцијата АП.

По падот на авионот, во кој се наоѓале 25 патници и седум членови на екипажот, властите започнале итна операција за потрага и спасување.

Нигерискиот министер за авијација Фестус Кејамо изјави дека авионот бил на рутински лет кон Лагос, економскиот центар на Нигерија, кога се урнал во областа Игбокода, во државата Ондо.