Војниците на Индија и на Кина, според пишувањата на индиските медиуми, имале конфликт на границата на двете земји, пренесува Би-Би-Си. Има повредени на двете страни.
Конфликтот се случил во северен Сиким, граничната област каде што границата меѓу Индија и Кина не е јасно дефинирана.
Инцидентот се случил кај местото Наку Ла Пас во Сиким, област која се наоѓа меѓу Бутан и Непал.
Тензиите меѓу двете земји во последно време се на високо ниво, особено по последниот сличен конфликт кога 20 индиски војници загинаа во долината Галван во јуни. Кина не дала соопштение дали има загинати кинески војници.
