Воена обврска за лица над 60 години: Украина донесе нов закон за воена служба по договор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Врховната Рада на Украина денес усвои закон за воена служба по договор за лица над 60 години кои повеќе не подлежат на воена служба, објавува Укринформ.

Законот предвидува дека сите оние кои повеќе не подлежат на воена служба можат да потпишат договор за воена служба, доколку нивната здравствена состојба дозволува.

Тие ќе можат да служат со чинови на војници, водници, виши водници, како и помлади и високи офицери, под услов да се отпуштени од служба по 1 јануари 2015 година, а за назначување на офицерска позиција е потребна и согласност од Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Договорите ќе се потпишуваат на една година, со можност за продолжување.

Законот предвидува и пробен период од два месеци, а договорот може да се раскине доколку кандидатот се покаже како неспособен за служба.