Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, на својот ФБ провил објави видео од онлајн изведбата на Воениот оркестар на македонската химна во инструментална верзија.
Воениот оркестар во состав на баталјонот за Почести е единствен професионален дувачки оркестар од ваков карактер во државата, чија мисија е учество на протоколарни активности и воени свечености во организација на Армијата и на највисоките државни институции.
Првите почетоци на Воениот оркестар датираат од далечната 1944 година, кога во селото Голеш, Битолско е формиран првиот Воен оркестар во рамките на седмата македонска ударна бригада.
