Криминалот нема етничка основа. Ова го изјави Христијан Мицкоски, коментирајќи ги обвинувањата на ДУИ, кои велат дека анти албанизмот во ВМРО под негово раководство го надминал анти албанизмот на Никола Груевски.
Додава дека нема да се откажат од борбата против криминалот и корупцијата, а додаде дека ДУИ и СДСМ ги штитат корумпираните и инкриминираните политичари.
Сепак според ДУИ, Мицкоски е против Албанците и обвинуваат дека тој им забранува на градоначалниците од неговата партија да соработуваат со Албанците.
„Дали им дал јасна, строга и недвосмислена наредба на своите градоначалници на општините да не соработуваат со Албанци, да не издаваат градежни дозволи на фирми во сопственост на Албанци и да не ги легализираат куќите на Албанците иако ги исполнуваат законските услови. Наша најголема грижа и натаму е анти – албанизмот во ВМРО ДПМНЕ, кој претходното раководство на ВМРО го надмина, но Мицкоски во голема мера го врати, со протестите против албанскиот јазик, против претседател на Собранието Албанец, со 27 април, со поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост и со неговите секојдневни лаги против Албанците кои се на високи позиции.“, велат од ДУИ.
Иако Мицкоски со оптимистички тонови ветува дека наскоро ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, од ДУИ велат дека тој само се бламира бидејќи нема 61 пратеници.