„Волстрит џурнал”: САД и ЦИА тајно евакуираат граѓани од Кабул

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американските вооружени сили и ЦИА спроведуваат тајни операции со цел евакуација на своите граѓани надвор од аеродромот во Кабул, пишува „Волстрит џурнал”

Според весникот, ЦИА започнала неколку тајни операции со цел евакуација на Американците од Кабул, но и од други локации, користејќи воени хеликоптери.

Покрај тоа, американските војници, заедно со нивните соработници, особено Британците и Французите, спроведуваат операции на терен во кои извлекуваат сонародници, како и Авганистанци со зелена карта и специјални визи, но приоритет им се дава на американските граѓани.

Откако администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден објави крај на военото присуство во Авганистан и започна евакуација, талибанците започнаа офанзива против авганистанската Влада и ја презедоа контролата врз поголемиот дел од земјата на 15 август, кога го зазедоа главниот град Кабул без борба.