Парламентот на Украина денеска гласаше за предлогот на Владата вонредната состојба во земјата поради коронавирусот да биде продолжена до крајот на годината.
Премиерот на Украина, Денис Шмигал рече дека целта на оваа мерка е да се запре најновиот бран на ширење на коронавирусот.
Дневниот број на новозаразени соборува негативни рекорди од ден во ден, а во претходните 24 часа се евидентирани 107 смртни случаи.
Вкупниот број на лица заразени со коронавирусот во Украина е 270.587, а починале 5.122 лица.
