Вооружен конфликт меѓу Тајланд и Камбоџа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вооружени судири избувнаа меѓу Тајланд и Камбоџа рано утрово, објавија армиите на двете земји, тврдејќи дека првите истрели биле испукани од другата страна.

Тајландската војска во соопштението соопшти дека вооружените сили од соседна Камбоџа отвориле оган врз спорната погранична област во близина на храмот Та Моан Том, на околу 360 километри од главниот град Бангкок.

Соседната земја е обвинета за поставување мини во пограничната област неодамна, додека Камбоџа одговара дека станува збор за неосновани обвинувања.