Вооружени лица убија двајца полицајци кои патролирале во станбена област во пакистанскиот главен град Исламабад, соопшти министерот Рашид Ахмед. Тој го осуди нападот и нареди истрага.
Во видео-изјавата тој рече дека се зголемува бројот на ваквите напади и дека се прават напори Исламабад да се претвори во „безбедна зона“.
Никој не ја презеде одговорноста за синоќешниот напад во населбата Шамас Колони. Според полициското соопштение, во тек е потрага по убијците.
