Возач од дојранско тешко повреден откако избегнал удар во животно и удрил во канделабра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска (15.11.2025) во 06:00 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат од место викано „Чавдарова чешма“ кон обиколница Богданци, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(26) од с.Црничани, дојранско, удрило во канделабра и во сообраќаен знак, откако претходно избегнал и не удрил во домашно животно.

Во несреќата со тешки телесни повредо се здобил возачот, констатирани во Општа болница Гевгелија.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.