Возач удрил во полицаец кој извршувал службени дејствија во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 09.11.2025 во 04:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Ленинова“ и ул.„Столтенбергова“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(38) од Скопје, удрило во полициски службеник кој извршувал службени дејствија. При тоа полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.