Возач на автомобил марка „Рено Клио“, се онесвестил во текот на возењето на автопат во Белгија. Додека возел без светст, на автомобилот му биле вклучени два важни системи за безбедност, системот за задржување на автомобилот во патека во која се вози со темпомат.
40-годишниот возач возел 25 километри, но успешно е спасен. Возачите на автопатот приметиле дека возилото се движи сомнително со околу 80 километри на час, додека возачот спиел на воланот со рацете на волан. Веднаш била известена полицијата која истакнала дека е избегнета голема несреќа.
Пред да сопре автомобилот удри во заштитна ограта, додека полицијата безуспешно го будела возачот кој бил пренесен во болница.
