На 28.11.2025 год во 17:45 часот Регионалниот пат Р1105 делница с.Јосифово с.Пирава поточно кај место м.в Калковска Река поради обилни врнежи од дожд, повторно надојдена Калковска Река, сообраќајот е пренасочен за сите видови на моторни возила и е пренасочен према Маг. пат А1 од с.Удово кон с.Марвинци.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Надојдената Калковска Река го блокираше регионалниот пат Јосифово – Пирава, возилата се пренасочуваат!
