На 07.03.2020 во 02.00 часот на крстосница од бул.„3-та Мак.Бригада“ и ул.„Крушевска република“, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(32) од Скопје излетало од коловозот и удрило во
рекламно пано и ограда од дворно место.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот К.Н.(36) од Скопје, додека со телесни повреди се здобил возачот К.Ј.. Тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
