Ресторанот „Две лири“ во Ресен, ќе биде затворен во следните 14 дена, откако еден од вработените е позитивен на коронавирусот, објавија од ресторанот на „Фејсбук“.
Вработениот имал симптоми, и му било извршено тестирање, и на двата теста, на едниот бил позитивен, по што ресторанот ќе биде затворен во следните 14 дена.
„Како раководители на ресторан кој што спаѓа на една во најранливите категории во борбата со COVID 19 ние самоиницијативно се решивме да се тестираме каде што тестовите испаднаа негативни.
Но во самото тестирање беше вклучен вработен со симптоми на грип. Истиот беше тестиран во приватна болница во Скопје и од 2 теста касно вечерва, добивме информација дека на еден од нив за жал е позитивен.
Со цел да се заштити персоналот и сите наши муштерии ресторанот Две Лири ќе биде превентивно затворен во наредните 14 дена.
Целосно стоиме на располагање на службите со цел локализирање на ширењето.
Се надеваме на многу поздрави и повесели моменти.
Посакуваме здравје пред се во овие тешки моменти за нашиот вработен и неговата фамилија.“, соопштуваат од ресторанот.
