По новинарско прашање во врска со наводите за заразени вработени во МВР од коронавирус, министерот за здравствно Венко Филипче посочи дека денеска пристигнала информација дека во една од единиците во МВР има позитивни на вирусот.
„Денеска пристигна информација дека во една од единиците во МВР има заболени со ковид-19. Нивните првични контакти се веќе анализирани и издадени се решенија за изолација. Преземени се сите мерки од страна на епидемиолозите“, истакна Филипче.
Засега Филипче не прецизираше за колку точно полицајци се работи.
