Вработените ќе бидат префрлени во нова фирма – Касами: Заостанатите плати ќе се исплатат, но не веднаш

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Оанеум“ е името на новото претпријатие кое од 1 јануари ќе го чисти Тетово. Компанијата ќе биде со седиште во село Палчиште, а тука ќе бидат префрлени и вработените од Комунална хигиена. Градоначалникот на општината Биљал Касами вели дека вработените навреме ќе си ги земаат платите, а за заостанатите плати ќе најдат решение во иднина.

Во Советот на општина Тетово поминаа сите процедури за да може новото претпријатие навреме да почне со работа.

-Почнаа и ги избраа сите работници и го направија своето интервју на почетокот на месецот, се сместија во работните простории и се надеваме дека после Нова година се ќе биде во нивни надлежности и на општината и се ќе биде функционално“.

Општина Тетово пред неколку месеци склучи договор со словенечката компанија на групацијата „Заубермахер“ да го чисти отпадот во градот. ЈКП „Тетово“ има долг од 10 милиони евра и има проблем со платите на вработените кои често протестираа.