ВРЕДИ и ДУИ со меѓусебни обвинувања, намалувањето на бројот на советници покрена дебата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВРЕДИ го демантира градоначалникот на општина Сарај Иљаз Весели, кој пред неколку дена изјави дека бројот на советници во оваа општина ќе се намали од 23 на 19. Пратеничката Саранда Имери рече дека во општина Сарај во моментов има 19 советници и така ќе биде и во иднина, притоа додавајќи дека не знае од каде Илјази добил бројка од 23 советници.

ТВ21 ја провери веб-страницата на општината на која се гледа дека има 19 советници.

Оваа тема стана актуелна кога Владата донесе одлука да го намали бројот на советници во општините, не сметајќи го бројот на жители кои не се резиденти.

За ова Имери ја обвинува претходната власт зошто одлучила на Пописот на населението да има поделба на резидентно и нерезидентно население.

-Потсетуваме дека пописот се случи кога ДУИ беше на власт, затоа за евентуалните последици од пописот немаат право да се жалат, бидејќи кога беше време, тие одлучија да молчат. Тие молчеа за се, и за случајот во село Грчец, каде според официјалната бројка на ДСЗ фигурираа само 38 резидентни жители, изјави Саранда Имери, пратеничка од ВРЕДИ.

На овие обвинувања одговори Крешник Бектеши во Дејли Клик. Тој рече дека до формирање на новата Влада за основа е земен вкупниот број на граѓани, а со доаѓањето на ВРЕДИ, како што рече Бектеши, оваа пракса се сменила.

Во законот за попис многу јасно е дека вкупниот број на граѓани го сочинуваат граѓани резиденти и нерезиденти. Оваа поделба е статистички механизам, кој се јавува во секоја земја на ЕУ. Во РСМ до формирањето на оваа Влада без етнички легитимитет за основа се земаше вкупниот број на граѓани. Со одлуката на оваа Влада, која ја потпиша премиерот Мицкоски, се намали бројот на општинските советници во општините каде главно живеат Албанци, заобиколувајќи го нерезидентното население, изјави Крешник Бектеши од ДУИ.

Освен намалувањето на бројот на жители, неброењето на иселениците ќе влијае и на финансиските средства што централната власт им ги доделува на општините, бидејќи тие се пресметуваат по глава на жител.