ВРЕДИ: Стануваме втора политичка сила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ вечерва во Тетово соопшти дека според резултатите од вториот круг, коалицијата се позиционира како втора политичка сила во државата.

– Постигнавме убедлива победа речиси во сите општини каде што влеговме во втор круг – Тетово, Боговиње, Дебар, Долнени и Струга. Ви благодарам на поддршката која ја потврди нашата визија – изјави Башким Бакиу.

Тој порача дека граѓаните јасно рекле „стоп“ на политиките на ДУИ, повикувајќи го Али Ахмети да поднесе оставка и партијата да се реформира.

– За Албанците во Северна Македонија започнува нова ера – време на работа, развој и промени – истакна Бакиу.