Вредна бронзена коњска глава вратена во Пекинг после 160 години

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кина стави во карантин три милиони луѓе откако асимптоматски трговски патник заразил стотици луѓе

Речиси три милиони луѓе се ставени под карантин во Кина по зголемен број случаи на коронавирус поврзани со трговски...

Денес 18-ти јануари е вашиот најсреќен ден – Ден со најголеми попусти во сите Нептун продавници!

Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината. Оваа година тоа еденешниов ден понеделник 18-ти јануари....

Пад на водостојот на поголем дел од реките

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се исти како вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи...

Обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19, досега третирани 661 пациент

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени...

Заев: Србија ќе ни даде 8000 Фајзер вакцини

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите откри дека Србија се согласила да помогне со 8000 вакцини од „Фајзер“. „Имам...

Бронзена коњска глава, која беше однесена од туѓинци од Старата летна палата (Јуанмингјуен) во Пекинг, Кина, е вратена дома по 160 години, објавија кинеските медиуми.

Точно 12 скулптури од животински глави некогаш го формирале хороскопскиот воден часовник во Старата летна палата на Пекинг, изграден од императорот Ќианлунг (1736-1796). Англо-француските сили ја ограбиле палатата за време на Втората опиумска војна во 1860 година и однеле бројни предмети со огромно историско и културно значење.

Главата на коњот, дизајнирана од италијанскиот уметник Џузепе Кастиљоне и изработена од кралски мајстори, е уметничка комбинација на истокот и западoт.

Милјардерот од Макао, Стенли Хо, го купи артефактот на аукција во 2007 година и долги години јавно го изложуваше во специјалните кинески административни области Хонг Конг и Макао.

Во ноември 2019 година, Хо одлучи да го донира на кинеската Национална управа за културно наследство и да го врати во кинеската престолнина.