Вредни предмети кои се кријат во гостиварско Равен – пронајден „човек со тога“, најголема статуа од овој тип во Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Чистејќи ги изворите кај местото Каја на Равен во Гостивар, Мухамед Бафтјари кого сите го познаваат како Дода, наишол на оваа статуа.
Ја извадил на површина, не знаејќи дека открил големо и ретко богатство, кое го пријавил кај надлежните институции.

-Имавме акција за чистење на вода во близина на калето и наеднаш излезе и се изненадивме што е ова и видовме дека е нешто чудно, не е обичен камен и додека го чистевме видовме дека е статуа а ја чувавме неколку дена поради состојбите и не знаевме ни каде да пријавиме и се заинтересиравме и за ова ги известивме институциите кои се надлежни во општина Гостивар, дојдоа и констатираа што е“, рече Бафтијари.

Статуата е без глава. Бафтјари вели дека ја барале, но поради тешкиот терен не успеале да најдат ништо.

-Продолживме во делот таму, но не можевме да бараме повеќе, бидејќи водата излезе под карпите, повеќе камења, и не можевме повеќе да копаме, но тоа излезе и тоа е она што го земавме“, рече Бафтијари.

Сега статуата се наоѓа во Конзерваторскиот центар во Гостивар.

Директорот Цветко Новаковски вели дека статуа со ваква големина до сега не е пронајдена во Македонија.

„Статуи од овој тип, маж облечен во тога, се пронајдени во Аполонија и Бутринт, Албанија. Тие главно беа поставени на јавни места“, изјави Новаковски.

За жителите на Равен ова не е првпат да пронајдат скапоцени историски предмети. Своето село го нарекуваат „археолошко богатство“. Наследени низ генерации, некои од топонимите на селото се „кале“, „црква“ и „манастир“.

-Нашето село има замок, црква и манастир, плус делот што порано биле населби, наидуваме на многу, обично кога ја ораме земјата, наидуваме на многу стари тули, од времето кога живееле порано, како што велат постарите, Илирите, тогаш имало преселување поради војните и сега ние сме нови жители, но знаеме кога сме го чувале добитокот, и уште како деца велиме кај црквата, манастирот и калето“, изјави Дашмир Сулејмани, жител на селото.

-Секогаш кога работиме таму, секогаш наидуваме на делови од овие изработки, ја имаме и кулата позади, и таму истата ситуација, цело село, горниот дел, како што се гледа стариот пат, секогаш кога работиме таму, делови од предмети излегуваат. Овој пат е кај калето, истиот материјал е и кај каменоломите, истиот материјал е и до ден денес работиме на овој обичен камен ѕид, но кај калето има место кое го користела државата Југославија, како каменолом“, рече Бафтијари.

Легендата вели дека овде, каде што моментално се наоѓа селото Равен, некогаш било мочуриште. Жителите велат дека ако се ископа половина метар, излегува вода, а идејата дека селото некогаш било мочуриште се базира и на скалите изградени до местото каде што веруваат дека некогаш бил брегот на блатото.

Додека престојувавме во селото ги видовме и гробиштата кои жителите ги чуваат со фанатизам. Како што се гледа, јазикот на натписите на надгробните плочи е стар албански јазик. Заминавме со мислење и надеж на жителите дека еден ден археолошките истражувања ќе го претворат селото во атракција за културен туризам.