Времена забрана за етничка припадност во изводите – Лога вели Уставен суд со ова ја отворил Пандорината кутија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Графата за етничката припадност во изводите на родини/умрени и венчаните времено нема да важи, бидејќи, Уставниот суд донесе одлука со која привремено го стави надвор од употреба воведувањето на етничката припадност. Одлуката е донесена со 5 гласа „за“ и 2 „против“, а тоа значи дека до донесување на правосилна одлука матичните книги нема да можат да издаваат изводи со етничка припадност. Според образложението на Уставен, одлуката за новото упатство е објавена со задоцнување во Службен весник.

По оваа одлука министерот за правда Кренар Лога изјави дека Уставен ја отворил Пандорината кутија, бидејќи многу институции не го почитувале уставниот рок за објавување на одлуки во Службен весник.

„Ме радува ова што се случи со упатството кое јас го потпишав за да излезат на виделина и многу нерегуларности кои се направени со месеци и години. Пред вас ги имате сите службени весници од последните недели каде се гледа дека не е почитуван уставниот рок“, вели Кренар Лога.

Лога не се откажува од одлуката бидејќи вели дека не е во спротивност со Законот за матична евиденција, а побара Уставен што побрзо да донесе одлука за упатството, за да уште еднаш ја почне постапката од почеток.

„Не треба да се купува време со времената мерка, туку го повикувам Уставен истото и да ја отфрли, а во меѓувреме најавувам дека ќе има целосно ново упатство каде ќе се повтори истото и ќе се објави во Служен весник и ќе стапи на сила“, додава Кренар Лога.

Досега во изводите беше само графата за државјанство, но не и за етничката припадност.