Умерено до значително облачно понекаде со сончеви периоди, на места со слаб дожд особено во планинските региони. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје умерено до значително облачно со слаб претежно јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 13 степени.
Од среда следува период на стабилно и претежно тивко време со натпросечни дневни температури и со појава на магла по котлините во утринските часови. Утринските температури ќе бидат во интервал од околу нулата до 5 степени.
