Врховен донесе одлука: Гордана Јанкуловска оди во затвор!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Преку писмено соопштение Врховниот суд информира дека во текот на вчерашниот ден се донесени одлуки според кои се одбиени жалбите поднесени од страна на осудените Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски во предметот „Тенк“ и ја потврдиле правосилната пресуда за предметот донесена од страна на Апелацискиот суд.

Поповски беше осуден на шест години и шест месеци затвор, каде веќе е на издржување на казната.

Второстепениот суд претходно ја потврди 2-годишната затворска казна за екс премиерот Никола Груевски за набавка на луксузниот мерцедес, додека пак на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска казната и беше намалена од шест на четири години затвор.

Министерството за правда повторно ќе побара екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија.