„Врие“ од реакции во ВРЕДИ – се оградуваат дека се во комуникација со ДУИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изјавите на лидерот на АА, Арбен Таравари, дека е во комуникација со ДУИ, предизвикаа реакции кај партнерите од коалицијата ВРЕДИ.
Демократското движење демантираше каква било комуникација со ДУИ.Од партијата на Изет Меџити, преку соопштение оценуваатдека како партија и понатаму ќе бидат дел од ВРЕДИ.

-Демократското движење ги отфрла сите шпекулации дека има комуникација со претседателот на ДУИ Али Ахмети. ДД нема и нема да има никаков вид соработка со корумпирана партија каде нејзините врвни функционери се ставени на црната листа на САД за корупција, велат од Демократско движење.

И од Алтернатива демантираат дека имаат комуникација со ДУИ.

-Со цел да се разјасни мислењето, но и да биде коректно со партиските органи и структури, како и со членството и поддржувачите, јавно изјавуваме дека Алтернатива нема комуникација на ниту едно ниво и на кој било канал со Демократската унија за интеграција и нејзиниот претседател, велат од Алтернатива.

Движењето Беса негира дека некој од нејзините експоненти и нејзиниот лидер Биљал Касами комуницираат со Демократската унија за интеграција и Али Ахмет.

-Без да сакаме да го прејудицираме точното значење на изјавата на Таравари дека – покрај него, со Али Ахмети комуникација имаат и другите лидери на ВРЕДИ, поради вистината за членовите на Движењето Беса, партиските органи и нашите поддржувачи, мора да појасниме дека ниту претседателот Билал Касами, ниту кој било друг експонент на Движењето Беса немаат комуникација со ДУИ, изјавија од Движење Беса.

Иако Таравари изрази бројни незадоволства во однос на функционирањето на албанскиот блок во Владата, партнерите од коалицијата ВРЕДИ велат дека се залагаат да продолжат заедно во Владата.