Врнежи од дожд и нестабилно време во следните денови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено претпладне во југозападните и западните делови (над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. T=11°C. P=980hPa. U=99%. V=2m/s.

Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднатна повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.