Втор американски авион се урна во регионот на Персискиот Залив

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уште еден борбен авион на американските воздухопловни сили се урна денес во регионот на Персискиот Залив, при што единствениот пилот безбедно се катапултирал, изјавија двајца американски функционери.

Функционери кои зборуваа под услов да останат анонимни изјавија за „Њујорк тајмс“ дека американскиот јуришен авион А-10 Вартог се урна во близина на Ормутскиот теснец приближно во исто време кога беше соборен американски борбен авион Ф-15Е над Иран.

Во одделен инцидент, во кој беше соборен американски борбен авион Ф-15Е Страјк Игл над Иран, еден член на екипажот беше спасен, а во тек е операција за пребарување и спасување за другиот пилот.

Функционерите дадоа оскудни детали за падот на А-10, вклучително и како и каде се случила.