Утринава раздвиженост и во пунктот на болницата Букурешт. Неколку постари лицаа чекаа ред за да ја примат вакцината, а имаше и такви кои побрзаа да стигнат во закажаниот термин.
„Денеска дојдов да се вакцинирам во 12 часот. Малку подранив да видам каде е.
Што ќе им препорачате на оние граѓани кои се уште размислуваат дали да се вакцинираат?
Да свршат работа, да не комплицираме многу многу. Еве јас одам да се вакцинирам и ич не ми е гајле како ќе биде и што ќе биде“, кажа еден граѓанин.
Овој господин туку што ја прими вакцината.
„Одлично се чувствувам. Многу коректно и направено како што треба на секое ниво, им благодарам многу. Да не се мислат, одма да се вакцинираат, мојата порака е сите да се вакцинираат“, додаде друг вакциниран граѓанин.
Од болницата „Букурешт“ велат дека одзивот во текот на вчерашниот ден, но и од утринава е голем. Апелираат до граѓаните, да не стравуваат и да се пријават преку мој термин за вакцинација.
„Вчера и денес вакцинацијата си тече во најдобар ред. Во текот на вчерашниот ден беа закажани 140 пациенти, поголемиот дел од нив се јавија на закажаниот термин си ја примија вакцината, Од утрово до моментов исто така текот е одличен. Пациентите си се јавуваат на закажаниот термин си ја примаат вакцината и се си тече во најдобар ред“ изјави докторката Бети Гелешовска Илковска.
ТВ21 утрово го посети и најголемиот пункт во државата, каде ќе се врши масовна вакцинација.
Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно. Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот. Во текот на вчерашниот ден се вакцинираа 730 граѓани на пунктовите низ државата. Засега со вакцината АстраЗенека останува да се вакцинираат само лицата постари од 60 години.
