Втор ден од предупредувачкиот протест на УПОЗ – „Мораме да најдеме решение“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски денеска во изјава за медиумите истакна дека денеска е вториот ден од предупредувачкиот протест.

Според него, излезеноста во текот на вчерашниот ден е повеќе од задоволителна.

„Имавме излезеност од сите вработени и членови, како и не членови на синдикатите. Вработените ја препознаа пораката на синдикатот на УПОЗ, ја препознаа правичноста и праведноста. Застанаа позади таа порака и тие барања што заедно ги имаме со Сојузот на синдикати на Македонија“, вели Деаноски.

Тој додаде дека имале притисоци во текот на вчерашниот ден, додека пак денеска нема, односно се уште не им се најавени.

„Немаме никаква информација од Влада, немаме покана за средба се уште добиено меѓутоа самите податоци што вчера ги објави ДЗС кажуваат дека мораме да седнеме што побрзо, мораме да најдеме решение бидејќи оние изјави на Владата дека ако дадат плати на вработените инфлацијата ќе порасне не се точни. Гледаме дека инфлацијата веќе во големи проценти расте“, додава тој.