Во Молдавија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, кои досега било во сенка на обвинувањата дека стана дипломатско бојно поле меѓу Русија и Европската унија, јавува Ројтерс.
Граѓаните на Молдавија одлучуваат меѓу двајца кандидати – прозападната актуелна претседателка Маја Санду, за која се вели дека го забрзала притисокот на нацијата да ја напушти орбитата на Москва и да се приклучи кон ЕУ, и Александар Стојаногло, поранешен јавен обвинител поддржан од проруските социјалисти.
Во првиот круг од гласањето на 20 октомври, Санду доби 42,49 отсто од гласовите (656.852 гласачи), а Стојаногло 25,95 отсто од гласовите (401.215 гласачи).
