Биљал Касами веќе го започна својот втор мандат како градоначалник на Тетово. Многу задачи остануваат од првиот мандат, но исполнети се и ветувањата што ги дал за вториот мандат. Дали ќе ги исполни ветувањата и како, граѓаните имаат различни очекувања.
„Мислам дека работеше овие четири години подобро, можеби грешам, но кај другите, 20 години не видов работа. Се надевам дека ќе ги исполни, но не сум сигурен, мислам околу 10 проценти“.
„Не знам дали ќе ги исполни ветувањата, но тоа што го кажал треба да го исполни“.
„Треба да ги реализира сите, очекуваме да ги реализира, очекуваме да биде подобро за да живееме подобро“.
„Мислам дека ќе работи, бидејќи не застанал, имам големи надежи дека ќе ги исполни ветувањата“.
„Мислам дека работел претходно и мислам дека ќе работи повторно, се надеваме дека ќе успее“.
Во новиот мандат, Касами ветил бесплатен превоз за граѓаните, изградба на нови паркинзи, Park & Ride и простори за велосипеди и мотоцикли, како и набавка на електрични автобуси и минибуси. Тој планира изградба на модерни автобуски станици, еколошки подстаници и големи инвестиции во училишта со нови објекти, базени и спортски сали. Неговата програма вклучува и субвенции за децата и подобрувања на урбаната инфраструктура, но не предвидува рокови за реализација на ветувањата.
Ветувањата на Билал Касами за следните четири години во Тетово:
-Бесплатен превоз за сите граѓани во првите 100 дена.
-Park & Ride на 3 стратешки локации со вкупен капацитет од 1.800 места.
-Катни гаражи на 8 локации.
-Паркинзи од новите градежни дозволи со капацитет од над 2.300 места.
-Зонски паркинзи на еднонасочни улици: можат да се создадат 1.000–3.000 нови паркинг места.
-Простори за велосипеди и мотоцикли на секој паркинг.
-Изградба на нова модерна автобуска станица.
-Набавка на 5 електрични автобуси и 5 електрични минибуси.
-Изградба на нови еколошки подстаници, посебни ленти за јавен превоз и велосипеди.
-Субвенција од 100 евра за секое дете што се запишува во прво одделение.
Инвестиции во училишта:
-Основно училиште „Лирија“ – изградба на ново модерно училиште и спортска сала.
-Основно училиште „Братство – Миѓени“ – нов училиштен објект и модерна спортска сала.
-Основно училиште „Истикбал“ – изградба на помошен објект.
-Основно училиште „Кирил и Методиј“ – изградба на базен и спортска сала.
-Основно училиште „Наим Фрашери“ – изградба на базен и спортска сала.
