Втора Парада на гордоста во Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска во Скопје се одржува втората Парада на гордоста. Се маршира по улиците на главниот град, а има и обраќања на учесниците во Градскиот парк.

Поради парадата има посебен режим на сообраќај, а некои улици се затворени и пренасочени.

Парадата низ центарот на Скопје помина без проблеми и инциденти, а меѓу учесниците беа и претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска и министерките Радмила Шекеринска и Јагода Шахпаска. Премиерот Зоран Заев преку Фејсбук ја изрази својата поддршка за парадата.

„ЛГБТИ заедницата ја има владината и мојата поддршка за каузата која значи еднаквост и која последните четири години слободно се манифестира во нашето едно и еднакво општество, а на јавните простори во Скопје и со организацијата на #SkopjePride. Го делам ставот дека никој не е слободен додека секој еден не се ослободи затоа што нашата заложба за ‘Едно општество за сите’ ќе се реализира целосно кога секој глас ќе биде слушнат и најважно од сѐ – прифатен како еднакво важен со сите други. Манифестираме европски и солидарни манири среде Балкан. Ова е нашиот нов Балкан, слободен, човечки и разновиден. Повикувам здружно да продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас“, објави Заев.