Второто полугодие со физичко присуство или онлајн, одлуката ќе се донесе до крајот на неделава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во понеделник учениците треба да се вратат на настава за второто полугодие. Но дилемата е дали наставата ќе се следи со физичко присуство или онлајн. КЗБ анализирајќи ја епидемиолошката состојба, предложила учениците од основните и средни училишта да одат во училиште бидејќи не постои опасност од ширење на корона вирус меѓу нив.


Комисијата за заразни болести, следејќи ја епидемиолошката состојба, препорача почнувањето на второто полугодие од учебната 2021–2022 год, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи.

Но министерот за образование Јетон Шаќири рече дека конечната одлука за начинот на држење настава ќе с е донесе на крајот на неделава. На прашањето дали децата и натаму ќе носат маски, Шаќири без прецизен став, вели дека е за чување на здравјето на учениците.


„КЗБ ни кажа дека децата и да почнат да одат во училиште се заштитени бидејќи и кога се на настава тие можат да се заразат со вирусот, но тоа не значи дека е донесена одлука за 1 февруари. Ќе треба да донесеме одлука откако ќе оствариме комуникација. За мене најважен е фактот дека сите деца со нетрпение го чекаат почетокот на учебната година,“ вели Шаќири.


Второто полугодие требаше да почне на 20 јануари, но поради зголемениот број заразени со типот Омикрон, отворањето на училиштата се одложи за 1 февруари. Се уште не се знае дали владата ќе го усвои предлогот на КЗБ за настава со физичко присуство и дали учениците ќе носат маска за време на наставата.