Вучиќ го одржа првиот онлајн собир „За нашите деца“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Србија ја започна изборната кампања за изборите кои треба да се одржат на 21 јуни.

Актуелниот претседател Александар Вучиќ вчера, сам во студио го одржа првиот предизборен онлајн собир под називот „За нашите деца“.

„Драги пријатели искрено да ви кажам, јас ова никогаш не сум го правел, и не сум ни мислел дека е можно на ваков начин да се обратам“, истакна Вучиќ и се заблагодари на сите кои прифатиле да бидат заедно и на овој начин.