Вучиќ: Голем протест, огромен број луѓе дојдоа од внатрешноста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со денешниот протест рече дека се работи за голем протест и оти огромен број луѓе дошле од внатрешноста.

Тој додаде дека протестот се одржал со огромна негативна енергија, „и гнев што бил изразен кон властите во Србија, дека нема жртви или сериозни повредени“.

Тој рече и дека вкупно 56 лица се повредени, но ниту еден потешко.

Според него, воената служба проценила дека на улиците има 88.000 луѓе, а полицијата 107.000.

Тој рече и дека е грозоморна лага дека бил употребен звучен топ.

Тој рече и дека има „1.500 луѓе во алкохолизирана состојба“.

Не ги извадивме ни водените топови. Се трудиме да бидеме подемократски од оние кои често ни даваат совети на оваа тема“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека сите што направиле штета на приватен имот, трактори, државен имот ќе одговараат и ќе ја надоместат штетата.