Германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин ќе го прими српскиот претседател Александар Вучиќ со кого ќе разговара за актуелни теми поврзани со војната во Украина, економската ситуација, билатералните односи.
Портпаролот на германската влада Волфганг Бихнер изјави дека Шолц ќе разговара со претседателот Вучиќ во зградата на германската влада во среда во 17:30 часот.
„Главните теми на разговор ќе бидат руската војна против Украина, како и билатералните, економските и регионалните прашања“, најави тој.
Ова е прва средба на Вучиќ со новиот германски канцелар Шолц.
Минатиот месец шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок ги посети Белград и Приштина.
На тој ден, Шолц ќе го прими и премиерот на на Приштина, Албин Курти.
„Разговорите ќе се фокусираат на натамошното усогласување во врска со војната во Украина, како и билатералните и регионалните прашања“, се вели во изјавата на Бихнер.
