Вучиќ: Имаме на маса француски и германски предлог за Косово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска кажа дека Србија на маса има предлози од Франција и од Германија за решавање на косовското прашање, кој предвидува Приштина да стане членка на ОН, без формално признавање од Белград.

Вучиќ напомена дека Србија е подготвена да разговара, но членството на Косово во ОН е неприфатливо за Белграф. Српскиот претседател кажа дека на 2. и 3. ноември ќе почне процедура за прием на Косово во Советот на Европа.

Вучиќ напомена дека одлуката околу тоа дали Србија ќе може да увезува руска нафта е одложена за 1. декември. Претходно беше објавено дека ЕУ одлучила дека Србија нема да биде исклучена од санкциите на руската нафта.