Македонија ќе добие најмалку 8.000 вакцини на „Фајзер“ од соседна Србија, соопшти премиерот Зоран Заев. Тој изјави дека уртово остварил телефонски разгоор со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој му понудил помош со цел и кај нас да започне вакцинацијата против ковид-19.
„Сакам да ја споделам оваа среќна вест, понудената помош од Република Србија од претседателот Александар Вучиќ ја прифативме, денеска разговарав со него, тие прифатија да ни помогнат, а деталите ќе ги утврдиме во текот на денот, она што можеа да го потврдат е 8.000 вакцини од Фајзер, а за другите треба да проверат во договорите дали смеат да донираат и од нив. При прифаќање на нашите барања, Вучиќ понуди да помогне со вакцини и тој рече дека сака и да ги донира тие, но ние сме земја и имаме пари и ќе си ги платиме, па потоа потврди дека ќе ги дадат по набавна цена, односно по цената која Србија ги набавила вакцините.“, рече Заев.
Србија вакцинацијата ја започна на 24 декември со вакцините на „Фајзер/Бионтек“, а се врши вакцинација и со руската „Спутник“. Во текот на денот Србија треба да добие нови 19.500 дози од вакцината на „Фајзер“, а утре уште 250.000 од „Спутник“. Во саботата во Србија пристигнаа милион дози од кинеската вакцина.
Македонија одамна договорила набавка на вакцини преку Ковакс системот. Сепак не се знае точно кога ќе пристигнат ниту колку дози ќе стигнат. Најавите се дека тоа ќе се случи на почетокот на месец февруари.
Освен преку системот Ковакс и Фајзер, вакцини се оечкуваат и од системот “солидарност“. Прва вети Бугарија дека ќе достави одредена количина, но тие вакцини суште ги нема. И, додека ние чекаме, Албанија пред една недела започна со вакцинацијата. Албанскиот премиер Еди Рама во интервју со Top Channel се пофали велејќи дека Албанија е втора држава во регионот која започнала со имунизација и воедно праша каде и се вакцините на Македонија ветени од Бугарија.
„Албанија е втора земја во регионот која започна со вакцинацијата. И Македонија…..Како Македонија?
Македонија започнува во февруари. Доби од Бугарија одредена количина вакцини. Каде и се? Каде и се? Ги обезбедила. Каде и се?
Ми велиш започна Македонија, за жал не започна, требаше да започне но не започна и не е вина на Македонија, ми велиш и дала Бугарија, и даде збор дека ќе и даде 100 единици, но се уште не и дала, ако и имаше дадено ќе ги употребеа.“, рече Рама.
Во врска со оваа изјава, Филипче рече дека со Бугарија е во постојан контакт и дека нашиот источен сосед ќе издвои вакцини според можностите. Веќе се нарачани 800 илјади дози за 400 илјади граѓани, а Македонија според најавите планира да вакцинира 1,2 милиони граѓани.
