Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се обрати на јавноста по најновиот инцидент каде во Младеновац беа убиени осум лица, а најмалку 14 ранети од страна на Урош Б. кој подоцна беше уапсен.
„Ние испративме не знам колку единици да го пронајдат убиецот и да го уапсат веднаш. Апелирам сите да се држат до официјалните информации. Не сме убијци, само се бориме против убијците. Сопрете се луѓе. Некогаш е подобро ништо да не објавите, отколку да се објавуваат непроверени информации. 500 непроверени вести беа ноќеска, а овие монструми никогаш нема да излезат од затвор. Правда ќе има. Ниту оној малечок монструм ниту овој голем монструм, по години се разбира, нема да се спасат од правдата. Па, ми велат дека се мешам во правосудството. И онака сум диктатор и стока. Подобро тоа отколку да се убиваат деца“, рече Вучиќ.
